Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Општина
 Претпријатија и едници
 
Градоначалник на општината
Совет на Општина
Администрација на Општината
Претпријатија и едници
 
ТППЕ Тетово



Територијалната противпожарна единица – Тетово (ТППЕ), е единица која ја опфаќа територијата на општина Тетово и пет рурални општини кои гравитираат кон неа: општина Теарце, општина Јегуновце, општина Желино, општина Брвеница и општина Боговиње. Од единица со едно противпожарно возило и неколку пожарникари, денеска е надградена во современа единица, со 13 специјални противпожарни возила и 75 пожарникари - спасувачи.

Вработените во ТППЕ  Тетово, постојано се дел од бројни проекти и обуки кои ги организираат различни меѓународни и национални организации, за стекнување на современи и светски стандардизирани методи за гаснење пожари и заштита од пожари, како и за евакуација на жртви од сообраќајни незгоди или разни елементарни непогоди.

Во соработка со Operation Florian од Англија, беа организирани многу специјализирани обуки и предавања кои се одржаа во Англија, но и овде кај нас. Пожарникаритесо стекнатимеѓународни сертификати,ги пренесуваат  знаењата и вештините на другите вработени.

Во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, ТППЕ -Тетово продолжува да бидеучесник во државни и меѓународни проекти и како дел од републичките сили, сме една од ретките општини во Република Северна Македонија кои активно учествуваат во меѓународните проекти, како што е проектот на НАТО, EADRCC, за спасување и евакуација на жртви од урнатини по елементарна непогода.

Кога станува збор за образованието, ТППЕ -Тетово се фокусира не само на едукација на вработените, туку и на едукација на граѓаните и децата од сите возрасти, како и на вработените во различни компании во нашиот град и околината. Единицата беше и сеуште е ангажирана во разни кампањи за подигање на јавната свест на нашите граѓани кога станува збор за противпожарната дејност. Целта е да се намали бројот на интервенции при различни пожари и паралелно да се намалат и штетите предизвикани од пожарите.

ТППЕ- Тетово денеска се издигна на ниво на успешна организација која се залага за исполнување на стандардите и потребите на граѓаните-будни и посветени 24 часа без прекин, во заштитата и безбедноста на нашите граѓани и пошироко.

 

 




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014