Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Општина
 Администрација на Општината
 
Градоначалник на општината
Совет на Општина
Администрација на Општината
Претпријатија и едници
 
Општински услуги



ОПШТИНА ТЕТОВО Е НАДЛЕЖНА ДА ГИ ВРШИ СЛЕДНИВЕ РАБОТИ:

 

  • УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ (урбано и рурално) , доделување на дозволи за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон, уредување на простор и градежно уредување на земјиштето.
  • ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА – мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и земјата, заштита на природата, заштита од бучава и јонизирачко зрачење.
  • ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ – планирање на локалниот економски развој, дефинирање на развојните и структуралните приоритети, раководење со економската политика, поддршка на развој на мали и средни претпијатија како и иницијативи од лакално ниво и во склоп на тоа учествување во одлучувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции како и промовирање на партнерството;
  • КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ – снабдување со вода за пиење, следење на технолошката вода, одведување и прочистување на отпадните води, јавно осветлување, испорака и третман на атмосферски води, одржување на јавна чистота, собирање, транспорт и постапување на комунален цврст отпад, уредување и организирање на јавниот локален патнички сообраќај, снабдување со природен гас и топлинска енергија, одржување на гробовите, гробиштата, крематориумите и давање на погребни услуги; изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и други инфраструктурни објекти; регулирање на сообраќајниот режим; изградба и одржување на патната сообраќајна сигнализација; изградба и одржување на јавниот простор за паркирање; отстранување на непрописно паркирани возила; отстранување на хаварисани возила од јавни површини; изградба и одржување на пазарите; чистење на оџаците; одржување и функционирање на парковите, зеленилото, парк -шуми и рекреативни површини; уредување, одржување и користење на речните брегови во урбаните делови; одредување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
  • КУЛТУРА– институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти; негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирање на културни манифестации; поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
  • СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА – масовен развој на спортот и рекреативните активности; организирање на спортски манифестации; одржување и изградба на спортски објекти; поддршка на сојузите за спортот;
  • СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА И ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА – детски градинки и старачки домови  ( сопственост, финансирање, инвестиции и одржување), остварување на социјална грижа за инвалидизираните лица, деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми, деца со посебни потреби, деца од семејства со самохрани родители, деца на улица, лица изложени на социјален ризик, лица засегнати од злоупотреба на дрога и алкохол; воздигнување на свеста на населението, сместување на социјално загрозени лица, реализација на правото за едукација на деца од предшколска возраст.Вршењето на овие надлежности е во согласност со националната програма за развој на социјалната заштита;
  • ОБРАЗОВАНИЕ – основање, финансирање и управување со основни и средни училишта, во соработка со централната власт,во согласност со Законот,организирање на превоз и исхрана на учениците и нивно сместување во ученички домови;
  • ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА – менаџирање со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите совети на сите организации во јавна сопственост; здравствено воспитување; унапредување на здравјето;превентивни активности;заштита на здравјето на вработените и безбедност при работа; здравствен надзор на животната средина;надзор на заразни болести; помош на пациентите со специјални потреби( на пр.ментално здравје, злоупотреба на деца) и други области кои ќе бидат утврдени со Закон;
  • ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА  која ја вршат територијалните противпожарни единици;
  • Спроведување и подготвување, како и превземање  на мерки за заштита и спасување на граѓани и материјални добра од војни разурнувања, природни непогоди и други последици предизвикани од нив;
  • Надзор врз вршење на работите под нејзина надлежност;
  • Други работи утврдени со Закон.

 

 




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014