Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Мојот град
 Историја и наследство
 
Историја и наследство
Институции на културата
Основни училишта
Средни училишта
Универзитети
Друштва и организации
Почесни граѓани
Круг на бизнисот
Спорт и рекреација
Соработка со други градови
 
Историски осврт за Тетово



Првите записи за постоењето на Тетово како населено место датираат од античкиот период, со античко име ЕНЕА.Според расположивите податоци со кои располагаме, Полошката котлина некогаш била езеро. Овие податоци се потпират на археолошките пронајдоци на Балтепе, каде се наоѓа висорамнина и карпи од езерото со надморска височина од 770 m. Според турски документирани податоци, Тетово во  XIV век е третирано како село во Полошка котлина. Во  XV век Тетово се споменува како центар на местото Кавуф од Мехмет Бег во 1436 година, каде се вели дека во Тетово имало многу дуќани и работилници како и новоизградени населби. Според Мехмет Беќир Ќелебиу (1470) Тетово почнува да заличува на град.

Со доаѓањето на Турците во овој регион, Тетово постојано се развива, а во меѓувреме во текот на тој период се градат културно-историски објекти како што се Шарена Џамија, Арабати Баба Теќе, Православниот Храм „Св.Кирил и Методиј„ Стариот Амам, Тетовско Кале, други џамии и цркви, камениот мост на река Пена и др.

Во текот на тој период исто така започнува и промена на архитектурата на објектите кои постепено добиваат ориентален изглед. Во 1689 година, Тетово се именува како град. Во Тетово има и цркви, кои зависно од временскиот период на кој и припаѓаат, имаат посебни историски вредности.

Во изминатите временски периоди може да се спомене библиотеката кај Теќето Арабати ( XVIII-XIX) век, бидејќи тука е развиена културата и образованието напоредно со исламот. Во ова библиотека се копирани дела од интелектуалци со избрана калиографија, кој потоа се украсени со орнаменти и завиткани со кожа. 

Интензивениот развој на Тетово започнува во вториот дел од XIX век до Балканските војни кога Тетово станува занаетчиски и трговски центар.

По Балканските војни, целиот Балкан  се наоѓа во криза, така што и развојот на Тетово како град стагнира. Особено по Втората светска војна доаѓа до интензивен развој на целиот регион како и на Тетово  како град.




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014