Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Мојот град
 Историја и наследство
 
Историја и наследство
Институции на културата
Основни училишта
Средни училишта
Универзитети
Друштва и организации
Почесни граѓани
Круг на бизнисот
Спорт и рекреација
Соработка со други градови
 
Историја на културен аспект



Помеѓу Шар Планина,Сува Гора, Жеден, Вланица и Букувит се протега Полошката котлина , во должина од 55км и широчина од 8-12км. На подножјето на Шар Планина и Балтепе ( Медена тврдина),  до бреговите на река Пена се протега градот Тетово.

Протегајќи се во централниот дел од Полошката котлина, Тетово од историски аспект имало големо економско и стратешко значење и од тие причини многу владатели во далечното и блиското минато се обиделе да владеат со овој статешки регион.
Тука се и соодветните врски со соседните региони, со Дервенска клисура и планинскиот регион од Групчин што се протега на југоисток преку кој Полог комуницира со Скопското поле и пошироко.

На југозапад, преку градот Гостивар и преку планинските клисури се поврзува со Кичево и градот Дебар. И на крај преку регионалниот пат Тетово-Урошевац како рамнина, инаку само мал дел, главно стариот дел од градот е сместен во подножјето на Балтепе. Апсолутната надморска висина на градот е помеѓу 450-500метри.
Првите белешки за градот Тетово како населено место датираат од античкиот период под античко име OANEUMIT.

Во доцниот антички период од раното средновековје, на Тетово му е нанесена голема штета. Во XI век Тетово се разликува од другите населени места. Во XIII-XV век, Тетово се споменува како урбана средина со развој на занаетчиство и земјоделство. Тетово претставува богато место за етно-културно, материјално и духовно наследство во разни историски периоди. Со неговите карактеристики и особености се издвојува од разновидноста на квалитетот, вредностите и неговото историско значење.Културно-историското наследство на градот Тетово претставува збир на духовни и материјални вредности создадени во текот на неговата историја.

Со овие вредности се отсликува општествениот, економскиот, политичкиот, религиозниот и културниот развиток на минатото на град Тетово, но и вековната војна за зачувување на неговиот етнички, културен и јазичен идентитет. Тетово претставува град со богата културно-историска традиција, град кој располага со голем број на културно-историски објекти како и со Профани и Сакрали.

Со доаѓањето на османлиите на Балканскиот полуостров во XIV и XV век, тие создадоа нивна администрација  и во ова време Тетово станува културен и административен центар во Полошката котлина, започнува изградба и развој на градот со ориентално влијание. Преку градежништвото и културата започнува изградба на разни објекти од сакрален, економски и општествен карактер. Во Тетово беа изградени многу монументи од верски карактер како: Џамии, Месџиде, Турбе, Теќе и др.

Истовремено се градат и објекти од општествен и економски карактер, како: каравансараи, хани, амами, јавни чешми, мостови и др.Поголемиот дел од тие објекти се доста стари и датираат од почетокот на османлиското владеење. Богатството на тие објекти од архитектонски аспект зборува за културен и духовен развој на месното население. Вакуфот на Мехмет Куклин Бег (1436) Тетово се каракатеризира со многу дуќани и работилници од разни дејности.
Со силен културен развој, со градење на голем број на монументи, како од исламска така и од православната заедница, Тетово добива изглед на развоен културен центар не само во овие краишта туку и пошироко на Балканот.

Тетово како центар на занаетчиство и трговија, забележува интензивен развој во првиот  дел од XIX век до Балканските војни кога Тетово започнува да стагнира во неговиот културен развој. По Втората светска војна Тетово одбележува силен културен развој.




       
 
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014