Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Посети го Тетово
 Историски објекти
 
Природа
Одмаралишта
Историски објекти
Музеи
Места од интерес
 
Шарена џамија



Шарената џамија била изградена во 1495 година, споменикот претставува репрезентативен примерок и уникатна уметничка реализација, со специфична надворешна декорација особено во нејзината внатрешност.Векови наназад овој објект ја чува неговата верска, воспитно-образовна и културна функција.

Објектот  е посебен, се разликува со големи уметнички дела и градежни импровизации. Неговата композициска шема се состои од сала на молитви, хајат, минаре, турбе, чешма со знаци над гробови, сите тие опкружени со зид изграден со отвори-мукаби и покриен со ќерамиди, главниот влез во дворот на џамијата е на запад , но постојат уште два влеза и тоа едниот на југоисток и другиот на северна страна. Денешната архитектонска форма и декорација се направени во првата половина на 11 век  (1833/44година) од страна на Абдурахман Паша.

Шарената Џамија во внатрешноста има форма на квадрат, молитвената сала има уникатна големина и е покриена со кубе, кое се осветлува со триесет прозорци поставени 15 во долниот и 15 во горниот дел.Тоа што е најпривлечно е надворешната декорација на зидот. Декорацијата на ентериерот и на зидовите на екстериерот отсликуваат низа геометриски мотиви како и мотиви од флората со инзворендни вредности.

Надворешните страни како софа, столбните декорации, внатрешните делови, балконите, мирхаби и кубето се декорирани во секо техника.На источната, западната и јужната страна од објектот во четири реда има пано декорирано со колоритна програма.Горните паноа имаат декори од кафас, додека долните освен прозорците декорирани се со црвена и зелена боја.Внатрешноста на паноата е декорирана со круг чија внатрешност е изработена со мотив на звезда со 16 крака,  кој краци се делат помеѓу себе со лента, додека третиот дел од внатрешноста е покриен со мотиви од баклава.

Во северниот дел на објектот има сложена програма на декорација.Во деловите од надворешните столбови има декорации каде се присутни мотиви на цвеќиња и околу нив лисја.Турбето како составен дел од овој комплекс претставува карактеристичен пример на монументот над гробот од османлискиот период, изграден во 16 век.Тоа е од видот на отворено турбе, додека со хармоничните параметри е привлечно и го надополнува амбиентот на комплексот. 




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014