Shqip   Македонски   English
  Општина
Градоначалник, Совет
Администрација, Сектори
Единици
За граѓанинот  
Е-Услуги, Даноци
Формулари, Учество
во одлучување

Мојот град
Историја, Институции
Организации, Почесни
граѓани, Бизнис, Спорт
      Документи
Проекти, Буџет,
Урбанистички планови
Закони, Акти
Посети го Тетово
Природа, Одмаралишта, Историски објекти, Галерии, Музеи
Инфо
Ресторани, Хотели
Медиуми, Банки
Транспорт

 Посети го Тетово
 Историски објекти
 
Природа
Одмаралишта
Историски објекти
Музеи
Места од интерес
 
Конак на Халим Дерала



Конакот на Халим Дерала претставува репрезентативен објект и многу привлечен со неговиот надворешен изглед.Традиционалната синтеза претставува начин на изградба со европски елементи кои како западна мода навлегува на територијата на Македонија некаде на средината на 19 век, додека самиот објект претставува единствена уметничка реализација.Објектот е изграден на почетокот на 19 век.

Конакот на Халим Бег претставува асиметрична градба составена од приземје и два ката. Приземјето се состои од простории поврзани со долги ходници.Во поголемиот дел од просториите влезот е непосредно од двор.Овие простории во минатото служеле како помошни места за складирање на храна како и простории за служители.Во репрезентативниот дел се влегува од влез во барок стил со резбани степеници.

На предниот дел се наоѓа салон за прием со голем чардак од една страна и друга висока шестострана просторија од друга страна. Во задниот дел се сместени уште три простории за живеење. Декорот на фасадата е поставен околу прозорците и парапетите што претставува типичен пример на “Барок стил“, украсен со цветови.

Раскошна фасада на западната страна, која е формирана од три волумени поврзани истовремено со разни височини, со посебна декоративна изработка на истите.

Конакот на Халим Бег со текот на времето ја изменил својата функција од станбен објект во објект на општинска администрација, подоцна во објект на управните органи, административен центар и болнички комплекс.Денес во овој објект е сместен Дневниот центар за ментално здравје.




       
 
Политика на приватност
Контактирај ја Општината
Општина Тетово
Дервиш Цара бб
1200 Тетово
Република Северна Македонија

Тел. +389 44 511 930
Факс +389 44 511 962
Тел. 044 339 240
cabinet@tetova.gov.mk
info@tetova.gov.mk
       
       
Faqeja oficiale e Komunës së Tetovës - Официјална страница на Општина Тетово - Official website of Tetovo Municipality © 2014